Достапни линкови

Грчките граници остануваат затворени до 25 октомври


Илустрација - Граничниот премин Евзони на грко-македонската граница

Границите со Грција остануваат затворени до 25 октомври, откако двете министерски одлуки што се однесуваат на привремено ограничување на копнените, морските и авионските поврзувања на земјата и на забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, јужниот сосед ги продолжи за уште 12 дена, јави МИА од Атина.

Во однос на копнените граници, ограничувањата, „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија“ се за временскиот период од 13 до 25 октомври 2020 година.

За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето.

XS
SM
MD
LG