Достапни линкови

Се бараат 13 години затвор за челниците на грчката Златна зора


Архивска фотографија - Лидерот на на Златна зора, Николаос Микалолиакос, Атина 2013 година

На лидерот на Златна зора, Николаос Микалолиакос, и на шесттемина поранешни пратеници да им биде одредена затворска казна од 13 години, предложи надлежната обвинителка на денешното рочиште, јави МИА од Атина. Согласно Кривичниот закон, казните за формирање криминална организација се од пет до 15 години затвор.

Минатата недела грчкиот Суд пресуди дека грчката организација Златна Зора е криминална организација, а подоцна пресудата ја потврди и Апепацискиот суд во Атина. Судењето на Златна зора траеше пет години, а пресудата беше дочекана со овации од илјадниците грци кои беа собрани пред Судот за време на рочиштето за пресуда.

Предлозите на обвинителката за прогласените за виновни за учество во криминална организација е пет години затвор, за оние за кои беа земени предвид олеснителните околности, и седум години затворска казна за останатите. За убиецот на музичарот Павлос Фисас, обвинителката предложи доживотна затворска казна, додека пак за соучесниците осум години казна затвор, јави МИА.

Рочиштето продолжува со приговори од адвокатите на обвинетите, а подоцна во текот на денот, се очекува судијката да ги соопшти конечните казни.

XS
SM
MD
LG