Достапни линкови

Грција:Одлуката за Златна зора – голем ден за демократијата


Илустрација. Протест пред Судењето на лидерите и членовите на крајнодесничарската партија Златна зора во Атина

Грчката организација Златна Зора е осудена како криминална организација, одлучи денеска Апепацискиот суд во Атина

Грчката претседателка, премиерот, министри од Владата, лидери на опозициските партии, сите учесници од политичката сцена во Грција ја поздравија едногласната одлука на судот и коментираа дека денеска е голем ден за демократијата, јави МИА од Атина.

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу рече дека „денешниот ден е важен за демократијата“, а одлуката е „потврда дека демократијата и нејзините институции секогаш имаат можност да спречат било каков обид за нивно поткопување“.

Поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас, кој беше и на протестот пред судот, неговото задоволство за одлуката го изрази прелку социјалните мрежи, коментирајќи дека е „голем ден за демократијата, ден на првда и гордост“.

Завршува најдолгото судење во Грција, се чека пресуда за Златна Зора

Пред судот во Атина, кусо откако беше соопштена одлуката дека Златна зора е криминална организација, имаше судири кои започнаа кога полицијата беше нападната со предмети а таа одговори со солзавец, шок бомби, но и со цистерна со топови вода за растерување демонстранти

Протестот беше масовен и според процените на грчката полиција, учествувале помалку од 20.000 лица.

Судскиот процес за Златна зора почна на 20 април 2015 година.Главното обвинение е дека политичката партија всушност функционирала како криминална организација и стои зад низа инциденти, расистички напади, но и зад убиството на музичарот Павлос Фисас пред седум години.

XS
SM
MD
LG