Достапни линкови

ЕУ предупредува дека е подготвена да го санкционира Лукашенка


Илустрација. Александр Лукашенко.

ЕУ предупреди дека е подготвена да воведе рестриктивни мерки за Александр Лукашенко, автократскиот лидер на Белорусија, како одговор на „лажните“ претседателски избори во земјата и последователната „насилна“ акција против демонстрантите кои протестираат против него и медиумите што ги покриваат настаните.

На состанокот во Луксембург денеска, министрите за надворешни работи на 27-те членки на блокот повторија дека изборите во Белорусија во август не биле „ниту слободни ниту фер“ и дека Лукашенка „нема никаков демократски легитимитет“. Министрите, исто така, во изјавата подвлекоа дека „демократското право на белорускиот народ е да избере свој претседател преку нови, слободни и фер избори, без надворешно мешање“, и остро ја осудија тековната акција, повикувајќи на ослободување на „сите произволно притворени лица“.

На почетокот на овој месец, блокот се согласи да воведе забрана за визи и замрзнување на средствата на 40 белоруски официјални лица за нивната наводна улога во репресијата врз демонстрантите и опозицијата, како и измамите за време на гласањето. Лукашенко не беше вклучен на списокот со санкции, но министрите за надворешни работи на ЕУ изјавија дека се подготвени блокот да преземе „понатамошни ограничувачки мерки против субјекти и високи функционери, вклучително и Лукашенко, доколку ситуацијата не се подобри“.

ЕУ со санкции за околу 40 лица од Белорусија

XS
SM
MD
LG