Достапни линкови

Велика Британија го отповика амбасадорот во Белорусија


Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Рааб.

Велика Британија го отповика амбасадорот во Белорусија, придружувајќи им се на се поголемиот број европски земји кои ги повлекоа своите дипломати во услови на постојани протести поради спорните резултати од претседателските избори во Минск во август. Министерот за надворешни работи Доминик Рааб изјави дека таквиот чекор е направен во знак на протест против протерувањето на дипломатите од Полска и Литванија од страна на Минск.

Сличните потези направија и Бугарија, Чешка, Словачка, како и Полска и трите балтички држави. ЕУ воведе санкции против белоруски официјални лица обвинети за изборни измами и кршење на човековите права.

Во Белорусија избија масовни протести откако изборните власти ја прогласија партијата на претседателот Александар Лукашенко за победник на гласањето на 9 август. Опозициските лидери и некои поранешни белоруски изборни функционери тврдат дека резултатот е наместен во корист на Лукашенко и повикаа на нови избори. Лукашено го одби барањето.

XS
SM
MD
LG