Достапни линкови

Апсења на протест во Белорусија


Белорусија- воден топ на маршот за ослободување на политичките затвореници, Минск, 4.10.2020

Најмалку десет луѓе се уапсени од безбедносните сили во Минск на денешниот протест на кој Белорусите излегоа да дадат поддршка на политичките затвореници во земјата. Ова е осми викенд по ред на протести против долгогодишниот претседател Александар Лукашенко. Вообичаено протестите на кои повикува опозицијата се масовни.

Минатата недела излгеоа околу 100 000 луѓе, а 350 беа уапсени. Воени камиони и автобуси пристигнаа во Минск каде што луѓето се собираат за маршот.

Протестите против Лукашенко се одржуваат по претседателски избори на 9 август и од тогаш има неколку смртни случаи, стотици повредени и околу 10 000 уапсени. Лукашенко, кој е на власт во земјата од 1994 година прогласи победа на изборите со освоени 80 отсто од гласовите, додека неговата противкандидатка Свјатлана Циханускаја тврди дека освоила 60 до 70 отсто од гласовите.

XS
SM
MD
LG