Достапни линкови

Трамп одби виртуелна дебата со Бајден


Претседателот на САД Доналд Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека нема да учествува на втората претседателска расправа во следната недела против демократскиот кандидат Џо Бајден, откако организаторите изјавија дека таа ќе се одржи „виртуелно“ бидејќи Трамп бил заразен со ковид-19. Непартиската комисија за претседателски дебати својата одлука ја образложи со потребата од „заштита на здравјето и безбедноста на сите инволвирани“.

Мирна дебата меѓу кандидатите за потпретседател на САД

Асошиејтед Прес објави дека некои вработени кои ја водат дебатата изразиле загриженост за безбедноста откако Трамп бил позитивен на вирусот по неговото прво соочување против Бајден на 29 септември во Кливленд, Охајо.

Трамп од Белата куќа: можеби сум имун на ковид-19

Кампањата на Трамп, исто така, инсистираше на тоа дека третата и последна дебата треба да биде презакажана од 22 октомври до 29 октомври, само неколку дена пред изборите на 3 ноември. Сепак, тимот на Бајден го одби повикот за одложување на последната дебата, велејќи дека „непостојаното однесување на Трамп не му дозволува да го препишува календарот и да избира нови датуми по негов избор“. Трамп заздравува од ковид-19 во Белата куќа откако помина три дена во болницата. Тој на 8 октомври инсистираше на тоа дека е во „одлична форма“ и ја нарече идејата за каква било дебата освен формат лице в лице за „шега“.

XS
SM
MD
LG