Достапни линкови

Вучиќ ја предложи Брнабиќ за мандатар за состав на новата српска влада


Ана Брнабиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа ја предложи сегашната премиерка Ана Брнабиќ за мандатар за состав на новата Влада на Србија. Обраќајќи се пред јавноста по состанокот на претседателството на неговата Српска напредна партија која освои две третини од местата во парламентот, Вучиќ рече дека тој има „многу високо мислење“ за Ана Брнабиќ и дека таа е жена која „жестоко се бореше за својата земја“. „Жена која водеше дисциплинирана и одговорна политика, кој не им ласкаше на странски центри на моќ или на оние во земјата. Таа ѝ беше лојална на Србија и се бореше за интересите на земјата“, рече Вучиќ.

Од каде толку гнев во Србија против мерките за КОВИД-19?

Вучиќ изјави дека му предложил на мандатарот „да размисли за воведување на две министерства - за човекови права и родова еднаквост и социјален дијалог и друго - за грижа за семејството, децата и демографијата“. Ана Брнабиќ е премиер на Србија од 29 јуни 2017 година. Таа дојде на таа позиција од позицијата министер за државна администрација и локална самоуправа, а како непартиска личност во тоа време беше предложена од претседателот Александар Вучиќ. Таа ѝ се приклучи на Српската напредна партија во почетокот на октомври 2019 година.

XS
SM
MD
LG