Достапни линкови

Запален парламентот во постизборните протести во Киргистан


Пожар во зградата на парламентот во Бишкек, Киргистан

Пожар избувна во зградата во која се сместени канцелариите на шефот на државата и парламентот на Киргистан откако демонстрантите ја зазедоа зградата, а затворениот поранешен претседател беше ослободен по насилните судири во Бишкек меѓу безбедносните сили и луѓето лути на резултатите од парламентарните избори. Пожарот избувна на третиот кат во зградата каде се наоѓаат канцелариите на претседателот Соронбаи Јенбеков. Фотографии објавени претходно на социјалните мрежи покажуваат демонстранти во канцелариите на претседателот на седмиот кат како одат од соба во соба, оштетувајќи го мебелот. Друга група демонстранти ја зазедоа јавната телевизиска и радио компанија, а демонстрантите влегоа и во зградата на Државниот комитет за национална безбедност, без никаков отпор.

Поранешен претседател на Киргистан осуден на 11 години затвор

Поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев беше ослободен од зградата, објави Киргистанската служба на РСЕ, а подоцна беше виден како ги поздравува приврзаниците. Атамбаев беше осуден во јуни на 11 години и два месеци затвор за корупција. Поранешниот член на парламентот Садир Јапаров исто така беше ослободен, а подоцна им се обрати на приврзаниците на централниот плоштад Ала-Ту во Бишкек.

Протести против изборните резултати во Киргистан

Претходно, во судирите во Бишкек меѓу полицијата и демонстрантите кои ги оспоруваат резултатите од парламентарните избори во Киргистан биле повредени десетици лица.

XS
SM
MD
LG