Достапни линкови

Поранешен претседател на Киргистан осуден на 11 години затвор


Алмазбек Атамбаев

Киргистанскиот суд го осуди поранешниот претседател на државата, Алмазбек Атамбаев на 11 години казна затвор за нелегално ослободување на озогласениот криминалец Азиз Батукаев во 2013 година. Обвинителството побара 15 години казна затвор за 63 годишниот Атамбаев, кој ги негираше обвинувањата.

Тој беше уапсен во август, минатата година откако се предаде на полицијата по дводневни судири меѓу полицијата и негови поддржувачи. Батукаев кој одеднадеш беше ослободен од затвор и веднаш ја напушти државата и замина за Русија е осуден за неколку кривични дела меѓу кои убиство на киргистански пратеник.

XS
SM
MD
LG