Достапни линкови

Трамп ја номинираше судијката Берет за Врховниот суд


илустрација

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, ја номинираше конзервативната судијка Ејми Кони Барет за судија во Врховниот суд, непосредно пред изборите кои се закажани за 3 ноември. Говорејќи во Белата куќа со Барет покрај него, Трамп ја опиша апелационата судијка како „жена со извонреден интелект и карактер“, која е „извонредно квалификувана“ да седи во Врховниот суд.

Трамп и неговите колеги републиканци во Сенатот ветија дека ќе направат се за брзо да го пополнат местото на Врховниот суд кое остана празно откако пред неколку дена почина судијката Рут Бадер Гинсбург, на 87-годишна возраст. Доколку Сенатот ја потврди доживотно позицијата, соодносот на силите во судот се 6-3 во корист на конзервативците. Судиите на Врховниот суд донесуваат одлуки за некои од најчувствителните политички прашања, почнувајќи од абортус и имиграција до закони за граѓански права и оружје.

"Судијата мора да го примени законот како што е напишан. Судиите не се креатори на политики и тие мора да бидат одлучни во одвојување на какви било политички ставови кои ги имаат ", рече Берет во својот говор.

Трамп ја скратил листата на кандидати за наследникот на Гинсбург во Врховниот суд

Демократите, вклучително и противкандидатот за претседател, Џо Бајден, рекоа дека победникот на изборите треба да избере замена за Гинсбург.

XS
SM
MD
LG