Достапни линкови

Во Дебар денеска бојкот на онлајн наставата, утре протести


Раководителот на Единицата за јавно здравје во Дебар, епидемиолог Ментор Мела, бара целосно почитување на одлуката на Комисијата за заразни болести

Трите деветолетки во општина Дебар ја почнаа учебната година без проблеми со онлајн настава, а гимназијата „28 Ноември“ со бојкот, јави дописникот на РСЕ од Дебар.

Наставниот кадар во средното училиште во осум часот наутро беше на работните места и подготвен да стартува со онлајн настава, но неа ја бојкотира учениците од сите паралелки. Директорот на гимназијата, Рамадан Имери, за „Радио Слободна Европа“, изјави дека денеска онлајн наставата е бојкотирана, а за утре се најавени протести од учениците и родителите. Тој додаде дека родителите и учениците бараат настава со физичко присуство, бидејки се согласуваат со Управата на училиштето дека гимназијата има мошне добри услови за настава со физичко присуство. Директорот Имери рече дека управата на гимназијата неколку пати побарала од Советот на општината, но и од Комисијата за заразни болести и Министерството за образование, да се одобри настава со физичко присуство, но надлежните не дадоа зелено светло.

Во оваа срено училиште, кое е единствено во општината, има 538 ученици , од кои во прва година се запишани 156. Во двете деветолетки во Дебар и деветолетката во село Долно Косоврасти денеска наставата започна без проблеми и тоа до трето одделение со физичко присуство, додека пак од 4 до 9 година онлајн.

Дебарскиот епидемиолог Ментор Мела и инфектологот Сефедин Дука, во дебата во Советот на Дебар, побараа од директорите целосно да ја почитуваат одлуката на Комисијата за заразни болести, бидејќи, како што рече, во Дебар секодјевно има нови случаи на Ковид 19 .

XS
SM
MD
LG