Достапни линкови

Почна школската година: Генерација на поинакво образование


Мила Царовска и Зоран Заев

Оваа генерација на ученици ќе биде запаметена како темел на едно поинакво, дигитално и европско образование. Маските ви го покриваат лицето, но не и вашата желба за учење, им порача денеска на првачињата, градоначалникот на Општина Карпош, кој заедно со премиерот Зоран Заев и министерката за образование Мила Царовска го одбележаа првиот училишен ден во школото „Јан Амос Коменски“ во Скопје, во услови на пандемија со Ковид-19.

„Драги првачиња денеска е посебен ден за вас затоа што денеска првпат ќе седнете во училишна клупа и ќе станете ученици. Мене ќе ми биде драго ако оваа година ви е интересна. Можеби ќе биде поинаква, но и потешка во дадени моменти, но сигурна сум дека ќе биде успешна. Вие сите носите маски и токму со наставниците треба да зборувате зошто ги носите, зошто треба редовно да миеме раце и да држиме дистанца. Драги наставници, во мене можете да гледате партнер за заедно да направиме на децата да им е полесно“, рече министерката Царовска на првиот училишен ден.

Премиерот Заев им порача на децата дека оваа школска година не е како минатите, дека сите мора да сме солидарни и да се придржуваме до мерките, бидејќи само така оваа година ќе биде прва и последна ваква година со посебни заштитни мерки.

XS
SM
MD
LG