Достапни линкови

Забранет уште еден независен сајт во Белорусија


илустрација

Независниот белоруски сајт за вести Tut.by соопшти дека властите го забранија за три месеци, што е последно затегнување од страна на властите на недржавните медиуми кои известуваат за тековните политички превирања во земјата. Tut.by во својата статија објавена на 29 септември на својата веб-страница наведува дека од 1 октомври, на страницата ќе и биде одземен статусот на регистриран медиум најмалку три месеци. Од белоруските власти нема веднаш потврда за забраната. Tut.by соопшти дека добил четири одделни предупредувања и дека ќе продолжи да објавува и да известува, и покрај наредбата.

Белорусија го обвини Западот за создавање хаос и анархија

Овој потег може да претставува ризик за новинарите и фотографите на Tut.by, кои потенцијално може да се соочат со парични казни или притвор. Белорусија е зафатена од политичка криза од 9 август, кога Александар Лукашенко беше прогласен за победник на претседателските избори. Опозициските претставници изборите ги оценија како фарса, а скоро секојдневно има протести на кои се бара ново гласање.

XS
SM
MD
LG