Достапни линкови

Макрон вети европска прагматична поддршка за белорускиот народ


Светлана Циханускаја и Емануел Макрон на денешната средба (Вилнус 29 септември 2020)

Францускиот претседател, Емануел Макрон, на денешната средба со белоруската опозиционерка Светлана Циханускаја во Вилнус, Литванија, вети помош од Европа во посредувањето на политичката криза во Белорусија.

„Ќе дадеме се од себе како Европејци да помогнеме во медијацијата“, рече Макрон денеска пред новинарите во Вилнус, ветувајќи „прагматична“ европска поддршка за белорускиот народ.

Тој повика на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да се справи со медијацијата за Белорусија, во која се забележани неколкумесечни масовни демонстрации предизвикани од спорните претседателски избори на 9 август.

Циханускаја рече дека францускиот претседател „ветил дека ќе стори сè за се да помогне во преговорите... и тој ќе стори сè за да помогне во ослободувањето на сите политички затвореници“.

Западните земји одбија да ја признаат Лукашенко за легитимен лидер на Белорусија и повикаа на мирен трансфер на власта. Лидерите на опозицијата, вклучително и Циханускаја, формираа Координативен совет трансферот на власта. Таа се кандидираше за претседател на местото на нејзиниот сопруг, кој беше уапсен пред изборите. Циханускаја вети дека ќе одржи нови претседателски избори по преземањето на власта.

Извори од канцеларијата на Макрон соопштија дека состанокот во хотел траел 35 минути, јави ДПА.

Зборувајќи за Франс прес, Цихануаскаја рече: „Добивме покана да зборуваме пред францускиот Парламент и ја прифативме“.

XS
SM
MD
LG