Достапни линкови

Г20 на онлајн самит на 21 и 22 ноември


Архивска фотографија од ланскиот Самит на Г20 во Осака, Јапонија (Јуни 28, 2019)

Ноемврискиот самит на Г20 ќе се одржи онлајн поради пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска Саудиска Арабија, која годинава е претседател на Групата. Првично беше планирано самитот на светските лидери да се одржи во Ријад, но сепак, тој ќе се одржи преку видео врска.

Самитот ќе се одржи на 21 и 22 ноември и ќе го води саудискиот крал Салман, а централната тема ќе биде на заштитата на животот и обновата на економиите по пандемијата.

Земјите од групата Г20, во која членуваат лидерите на најбогатите и најмоќните земји во светот, вложија повеќе од 21 милијарда долари во развој на вакцини против коронавирусот и 11 милијарди долари во заштита на глобалната економија.

XS
SM
MD
LG