Достапни линкови

ОН: Богатите да им помогнат на сиромашните земји во борбата со Ковид-19


Претставникот на ОН за хуманитарни работи, Марк Лукок, денеска изјави дека поддршката за сиромашните земји во борбата против коронавирусот досега била „во голема мера несоодветна“ и затоа ги повика богатите земји да донираат повеќе, јави АП.

Обединетите нации го зголемија својот хуманитарен апел за уште една третина, на 10,3 милијарди американски долари помош за 63 земји, претежно во Африка и Латинска Америка, за спречување на ширењето на коронавирусот.

„ОН во март побараа две милијарди американски долари и потоа во мај 6,7 милијарди американски долари, а досега добија само 1,7 милијарди долари“, рече Лукок.

Тој на членовите на Г20, чии министри за финансии утре ќе имаат виртуелен состанок, им порача дека сега треба да издвојат повеќе или „да ја платат цената подоцна“.

XS
SM
MD
LG