Достапни линкови

Трамп ја скратил листата на кандидати за наследникот на Гинсбург во Врховниот суд


Рут Бејдер Гинсбург

Американскиот претседател Доналд Трамп го скратил изборот на четири или пет судии кои треба да ја заменат Рут Бејдер Гинсубрг во Врховниот суд, а неговиот конечен избор ќе биде соопштен на јавноста на 25 или 26 септември.

87 годишната Гинсбург почина на 18 септември со што им се дава шанса на републиканците да го зголемат своето конзервативно мнозинство во Врховниот суд на 6 спрема 3 во време кога САД се длабоко поделени пред претседателските избори закажани за 3 ноември.

Трамп во интервју за Фокс њуз изјави дека тој сака да почека со именувањето на нов судија од почит спрема Гинсбург. Кандидатот на Трамп за Врховниот суд мора да биде одобрен со просто мнозинство во Сенатот, каде републиканците имаат мнозинство од 53 спрема 47.

Трамп исто така изјави дека кандидатот ќе биде жена и дека треба да биде потврден пред изборите. Планот на Трамп за брзо пополнување на местото на Гинсбург од демократскиот претседателски претседател Џо Бајден беше оценето како „злоупотреба на моќта“.

Гинсбург беше голем борец за правата на жените, а за врховен судија беше именувана од екс претседателот Барак Обама.

XS
SM
MD
LG