Достапни линкови

Продолжуваат протестите против Лукашенка


илустрација

Продолжуваат протестите во Белорусија против Александар Лукашенка, кој тврди дека е победник на претседателските избори во земјата и покрај извештаите за голема изборна измама.

Како што јавуваат агенциите, жените се собрале во центарот на Минск, многумина носејќи цвеќиња и учествувајќи на таканаречениот женски марш низ главниот град. Белорускиот сервис на РСЕ објави дека полицијата брзо привела најмалку 10 жени. Меѓу нив и 73-годишната Нина Бахинскаја, која е редовен учесник на протестите против Лукашенка. Протести има и во други градови ширум Белорусија.

Акцијата следи откако Лукашенка одржа тајна инаугурација на 23 септември во Минск, кога полицијата го блокираше градот и интернетот беше исклучен.

Лукашенко победи, но по која цена за Белорусија

Река луѓе против Лукашенко во Минск

ЕУ и Соединетите држави реагираа, велејќи дека нема да го признаат Лукашенка, кој дојде на власт во 1994 година, како легитимен лидер на Белорусија.

Опозициската лидерка и претседателски ривал на Лукашенка, Свјатлана Цихануаскаја, која е сега во Литванија, ги повика Белорусите и утре да демонстрираат за „ нови, чесни избори и официјална, законска инаугурација“.

XS
SM
MD
LG