Достапни линкови

Градоначалникот на Москва апелира што повеќе вработени да работат од дома


Градоначалникот на Москва ги повика компаниите да дозволат повеќе вработени да работат од дома, како што растат случаите на заразени од ковид-19.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин побара од најголемите руски компании кои работат во главниот град повторно да им дозволат на вработените да работат од дома, откако дневните бројки на заразени од ковид-19 достигнаа рекорд во последните три месеци.

Собјанин испрати писмото до многу фирми, меѓу нив и до најголемата руска банка Сбербанк, до најскатата ИТ компанија во Русија - Јандекс, и до Ростекс, одбранбен холдинг во државна сопственост.

На почетокот на овој месец градоначалникот во видео обраќање на државната ТВ ги повика компаниите што повеќе вработени да пренасочат да работат од дома за да се запре ширењето на вирусот во главниот град.

Москва е најголемиот град во Русија со околу 13 милиони жители и е густо населен. Денеска во Москва беа регистрирани 1055 нови случаи на заразени со ковид-19, што е највисока бројка од јуни. Тоа претставува скоро 60 проценти зголемување од средината на септември. А зголемен е и бројот на хоспитализирани пациенти.

Во Русија досега се регистрирани 1,1 милион случаи на коронавирус. Земјата е на четврто место по заразени во светот, после САД, Индија и Бразил. Бројот на жртви е нешто помалку од 20.000, ставајќи ја земјата на 12 место по смрти случаи во светот.

XS
SM
MD
LG