Достапни линкови

Над 32 милиони со Ковид-19: САД први во светот, Русија во Европа


Илустрација - Болнички оддел за хоспитализација на коронапозитивни

Над 32 милиони лица во светот се заразени со коронавирус, а САД и натаму се најтешко погодената земја од пандемијата со Ковид 19, бидејќи во неа се заразени повеќе од седум милиони лица, а над 200.000 веќе починале, покажуваат најновите податоци на инетренет страницата „Worldometar“.

На второ место е Индија со речиси шест милиони заразени и повеќе од 91.000 смртни случаи. Бразил се наоѓа на третото место според бројот на заразени, со 4,6 милиони и на 138.000 умрени. Русија е на четвртото место во светот и на прво во Европа, со 1,1 милиони инфицирани и речиси 20.000 умрени лица.

Светската здравствена организација соопшти дека 156 земји се приклучиле на Глобалниот план за вакцинација - КОВАКС, со кој се планира до крајот на следната година на глобално ниво да се испорачаат околу две милијарди дози вакцини, но дека меѓу нив не се Кина, Русија и САД.

„И други земји ќе се регистрираат за глобалниот план за вакцинирање, а некои од доцнењата беа заради процедурални проблеми, а не поради сомневања во оваа шема“, изјави денеска портпаролката на Светската здравствена организација, Маргарет Харис.

XS
SM
MD
LG