Достапни линкови

И САД не го признаваат Лукашенко за претседател


Фотографија од вчераните протести во Минск по тајната инаугурација на Лукашенко

Тајната претседателска инаугурација на Александар Лукашенко во Белорусија беше пречекана со критики и најави за помасовни протести на опозицијата, а како што се појавија и сцени од најновите протести, САД го додадоа своето име на списокот на земји кои велат дека нема да го признаат претседателството на Лукашенко.

„Објавените резултати од гласањето беа лажни и не пренесуваа легитимитет“, изјави за Радио Слободна Европа, портпарол на Стејт департментот.

„Соединетите држави не можат да го сметаат Александар Лукашенко за легитимно избран лидер на Белорусија. Стејт департментот повика на „национален дијалог“, кој ќе кулминира со „слободни и фер избори под независно набудување“, рече портпаролот.

Пред неколку дена и Европската унија објави дека не го признава изборот на Лукашено.

По инаугурацијата, во Минск избувнаа спонтани демонстрации. Илјадници демонстранти се собраа пред да пристигнат трупите на Министерството за внатрешни работи. Во ноќта, групи демонстранти блокираа некои улици во главниот град, а групата за права „Вјасна“ објави список со повеќе од 140 лица, за кои рече дека биле приведени во Минск, Брест и во други градови во Белорусија.

XS
SM
MD
LG