Достапни линкови

Нови масовни протести во Белорусија, по тајната инаугурација на Лукашенко


Протести во Белорусија

Белоруските сили синоќа користеле палки и водени топови против демонстрантите, откако ескалирале судирите во Минск и други градови, по изненадувачката заклетва на белорускиот претседател Александар Лукашенко за шести мандат и покрај јавните повици за негово заминување.

Тајната инаугурација на Лукашенко беше веднаш пречекана со критики од членовите на опозицијата, кои одбија да ги прифатат резултатите од гласањето на 9 август.

Откако се појавија сцени од најновите настани, САД го додадоа своето име на списокот на земји кои велат дека нема да го признаат претседателството на Лукашенко.

„Објавените резултати од гласањето беа лажни и не пренесуваа легитимитет“, изјави за Радио Слободна Европа портпарол на Стејт департментот.

„Соединетите држави не може да го сметаат Александар Лукашенко за легитимно избран лидер на Белорусија“.

Стејт департментот повика на „национален дијалог“ што ќе кулминира со „слободни и фер избори под независно набљудување“.

По инаугурацијата, во Минск избувнаа спонтани демонстрации со илјадници присутни. Со доаѓањето на ноќта, групи демонстранти блокирале некои улици во главниот град. Групата за права Вјасна издаде список со повеќе од 140 лица, за кои се вели дека биле приведени во Минск, Брест и на други места.

XS
SM
MD
LG