Достапни линкови

САД ја надминаа бројката од 200.000 починати од Ковид-19


20.000 американски знамиња околу споменикот Вашингтон во спомен на луѓето кои починаа во пандемијата во САД

Бројот на жртви од коронавирусот во САД синоќа го надмина „неостварливиот“ и „отрезнувачки“ број од 200.000. Податокот го објави институтот Џон Хопкинс врз основа на податоците доставени од државните здравствени власти. Ова се случува на само шест недели пред претседателските избори во САД закажани за 3 ноември и како што предупреди Светската здравствена организација, бројот на новите случаи на Ковид-19 ширум светот се искачија на рекордно ниво.

Бројот на жртви во САД е двојно зголемен од 27 мај, а земјата со 5 проценти од светското население има вкупно над 986.000 смртни случаи. Пресвртницата беше обележана во Вашингтон со Меморијалниот проект Ковид-19, кога беа поставени 20.000 американски знамиња на теренот околу споменикот Вашингтон. Членови на Конгресот и други лидери на САД учествуваа во меѓуверска служба во спомен на луѓето кои починаа во пандемијата.

„Сосема е неразбирливо дека стигнавме до оваа точка“, рече Џенифер Нузо, истражувач за јавно здравје на Универзитетот Џон Хопкинс, осум месеци откако злото првпат стигна во САД.

„Податокот за 200.000 смртни случаи е навистина отрезнувачки, во некои аспекти зачудувачка“, изјави за Си-Ен-Ен д-р Ентони Фаучи, врвниот владин експерт за инфективни болести.

Просечно околу 800 Американци умираат секој ден и иако тоа е намалена бројка во однос на состојбата во средината на април, бројот на починатите и одговорот на САД на оваа ситуација станаа главна тема во предизборието.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека е „срамота“ и „ужасна работа“ што САД достигна 200.000 смртни случаи, но тврди дека исходот може да биде многу полош.

XS
SM
MD
LG