Достапни линкови

Во САД вакцинација против ковид-19 најверојатно во јануари


Роберт Редфилд

Владата на САД објави план како вакцината против коронавирусот да биде бесплатно достапна за сите Американци веднаш штом се утврди дека е безбедна и ефикасна. Роберт Редфилд, раководител на Центрите за контрола и превенција на болести и други федерални претставници ја изложија кампањата за вакцинација во извештајот до Конгресот, велејќи дека таа ќе започне постепено во јануари или кон крајот на оваа година, за на крај да стигне до секој Американец што сака тоа. Терминот за почеток на програмата за вакцинација, сепак, не е толку оптимистички колку што претходно посочи претседателот Доналд Трамп.

Вудворд: Трамп ја криеше од нацијата вистината за Ковид-19

Тој рече дека вакцината може да биде достапна за три до четири недели, што значи пред изборите на 3 ноември. Но, Редфилд пред Конгресот изјави дека ќе бидат потребни шест до девет месеци откако вакцината ќе биде одобрена од регулаторите за да се дистрибуира на национално ниво. Трамп, говорејќи на брифингот во Белата куќа, ја нарече изјавата на Редфилд „неточна информација“, додавајќи: „Верувам дека бил збунет“.

XS
SM
MD
LG