Достапни линкови

Регистрирани 45 нови случаи на коронавирус, 86 оздравени и 7 починати лица


Тестирање за Ковид-19. Илустрација.

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа направени се 552 тестирања и регистрирани се 45 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 86 пациенти, а седум лица се починати. Од ново регистирираните случаи десет се во Скопје, девет во Кочани, по пет во Тетово и Берово, по четири во Куманово и Гостивар, двајца во Кичево и по еден во Штип, Прилеп, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Делчево.

Починати се седум лица, од кои двајца пациенти од Струмица на 52 и 62 години, еден 54-годишен пациент од Дебар, 53- годишна пациентка од Штип, 66 годишна пациентка од Прилеп, 66-годишен пациент од Кочани и еден 23 годишен пациент од Свети Николе.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.780, бројката на оздравени пациенти е 13.949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2131.

XS
SM
MD
LG