Достапни линкови

Почина либералната судијка во Врховниот суд на САД, Рут Бејдер Гинсбург


Луѓе оставаат пораки по смртта на судијката Гинсбург.

Почина судијката во американскиот Врховен суд Рут Бејдер Гинсбург. Таа почина синоќа на 87 години. Гинсбург беше голем борец за правата на жените. Со нејзината смрт му се отвора можност на американскиот претседател Доналд Трамп да именува трет судија во Врховниот суд во очи на претседателските избори.

Кампањата за претседателските избори во САД предизвика жестоки поделби, а смртта на Гинсбург дава нова тежина на изборите и уште една причина за голема „битка“ меѓу демократите и републиканците за избор на нов судија кој ќе треба да одлучува за пристапот до абортус и еколошките прописи.

По нејзината смрт може да се промени идеолошката рамнотежа на судот во кој сега седат пет конзервативни и четири либерални судии.

Гинсбург за врховен судија беше именувана од претседателот Барак Обама.

Но демократите и републиканците се обединија во пофалбите за судијката Гинсбург како лидер во правната мисла и борец за женски права.

Трамп по смртта на Гинсбург рече дека Америка изгубила титан на правните науки и личност со брилијантен ум.

Претседателот на државата е тој кој именува кандидат за Врховен суд, а потоа кандидатот мора да биде потврден од Сенатот во кој мнозинството сега го имаа републиканците.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел изјави дека Сенатот ќе гласа за кандидатот кој ќе го предложи Трамп, кој треба да дојде на местото на Гинсбург.

Противкандидатот на Трамп на претседателските избори, Џо Бајден, пак смета дека новиот судија треба да го именува победникот на претседателските избори во декември.

XS
SM
MD
LG