Достапни линкови

За 24 часа 679 прекршоци за неносење заштитна маска за лице


Архивска фотографија

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска информираше дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, биле регистрирани 679 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19. Казната за неносење соодветна заштита за лице според мерките и протоколите за заштита од Ковид-19 изнесува 20 евра.

XS
SM
MD
LG