Достапни линкови

Три предлог-закони од Преспанскиот договор на гласање во грчкиот Парламент


Илустрација - Архивска снимка од седница на грчкиот Парламент

Меморандум за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, се трите потпишани меморандуми меѓу Северна Македонија и Грција што произлегуваат од Договорот од Преспа, а веќе се доставени во грчкиот Парламент и откако ќе ги поминат предвидените процедури, ќе треба да бидат ратификувани, јави МИА од Атина.

Трите предлог закони се и првите што доаѓаат во грчкиот Парламент по промената на власта во Грција. Тие беа ратификувани, но не и со гласови од пратениците од Нова демократија, со оглед на тоа што, како опозиција беа против Договорот од Преспа и воопшто не ги поддржуваапак спогодбите што произлегуваат од него. Затоа, сега, од СИРИЗА ќе бараат гласањето за трите меморандуми да биде јавно, со прозивање на секој пратеник, јави МИА од Атина.

Првиот предлог закон, како што пишува во извештајот доставен до грчкиот Парламент, „ќе даде одлучувачки придонес за унапредување на билатералните односи, како и за гарантирање на грчките интереси во Република Северна Македонија и целосно во регионот, во рамките на грчката политика за активно промовирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан”.

Според извештајот за вториот предлог закон, меморандумот „ќе придонесе за унапредување на билатералните економски односи”. Третиот предлог закон е „Ратификација на техничката спогодба меѓу Министерството за национална одбрана на Грција и Министерството за одбрана на Република Северна Македонија во врска со ер полисинг на FIR Скопје (LWSS)”, се однесува на надзор на воздушниот простор на нашата земја од грчки воени авиони.

XS
SM
MD
LG