Достапни линкови

Ципрас: Мицотакис да се извини за лагите за Договорот од Преспа


Алексис Ципрас и Зоран Заев во Скопје, архивска фотографија.

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, вели дека сегашниот премер на Грција Кирјакос Мицотакис го променил ставот за Договорот од Преспа, што, како што вели е за поздравување, но сепак, вели Ципрас, Мицотакис треба да им се извини на Грците што ги лажеше во врска со договорот.

„Кога го решивме, како што наметнаа интересите на нашата земја, долгогодишното нерешено прашање со нашите северни соседи со Договорот од Преспа, одбраа да ја кренат земјата на нозе. Денес премиерот на Северна Македонија ги фали за верното почитување на договорот од нивна страна. Господинот Мицотакис, не само што се сретнува со него, а велеше дека никогаш нема се сретне, туку и се бори за спроведување на Договорот. Јас ја поздравувам промената на ставот на господинот Мицотакис, бидејќи ѝ служи на националниот интерес“, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, говорејќи од Солун на „Thessaloniki Helexpo Forum“, јави дописничката на МИА од Атина.

Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, кој заедно со Заев ја одиграа клучната улога во постигнувањето на Договорот од Преспа истакна дека Мицотакис им должи извинување на сите Грци „кои ги измами“, односно „извинување што партијата ја стави над татковината и ги наполни Грците со лаги, омраза и поделби“.

XS
SM
MD
LG