Достапни линкови

Во Белорусија осуден фоторепортер на РСЕ


Полицијата притворува новинар кој бил на задача во центарот на Минск, 27.08. 2020 година

Судот во Минск прогласи двајца фоторепортери, вклучително и еден на РСЕ, за кршење на законот на Белорусија за масовни собири и им изрече казна затвор од 11 дена. Окружниот суд во Фрунзе вчера ги прогласи за виновни фоторепортерите на РСЕ, Улад Хридзин и уште еден фотограф, Александар Васјукович, за време на судењето на 16 септември. Тие беа приведени во бар во Минск од група луѓе кои носеа маски на 13 септември ден кога десетици илјади се собраа во главниот град на Белорусија во знак на протест против официјалните резултати од претседателските избори на 9 августна кои актуелниот претседател Александар Лукашенко прогласи победа.

Циханускаја: бруталноста на полицијата ги прави Белорусите порешителни

Министерството за внатрешни работи изврши повеќе од 400 апсења на тој ден. „РСЕ жали за затворските казни изречени за новинарите Улад Хридзин и Александар Васјукович, едноставно заради тоа што го прават новинарите - известување“, изјави вршителот на должноста претседател на РСЕ, Дејзи Синделар, додавајќи: „Ова е јасен обид да се замолчат новинарите кои ја кажуваат вистината за длабоко погрешните избори во Белорусија и бруталната акција против граѓаните на која светот гледа со недели“. Демонстрантите и лидерите на опозицијата велат дека изборите биле наместени.

XS
SM
MD
LG