Достапни линкови

Состанок на експертски тимови на Белград и Приштина


Лидерите на Србија Александар Вучиќ и Косово Авдулах Хоти се состанаа со високи лидери на ЕУ во Брисел, 7 септември 2020 година

Прашањето за формирање на Заедница на српски општини на Косово и меѓусебни финансиски побарувања треба подетално да бидат дискутирани на денешниот состанокот на стручни тимови на Србија и Косово. Овие прашања беа покренати на 7 септември во Брисел во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ кога делегациите беа предводени од претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Авдулах Хоти.

Вучиќ: Усогласени неколку прашања, најтешкото допрва доаѓа

Деновиве претседателот на Косово Хашим Тачи, изјави дека повторното отворање на прашањето на Унијата на српски општини е удар за државноста на Косово. „Повторното отворање на ова прашање во Брисел е ќор-сокак за Косово. Тоа е удар за државноста на Косово и кршење на суверенитетот, постои опасност од создавање на Република Српска на Косово“, рече Тачи, додавајќи: „Никој нема право да седне да разговара или да преговара, а камоли да тврди дека ќе се постигне нов договор за Заедницата“.

Лавров: Договорот меѓу Белград и Приштина е во интерес на решавање на ситуацијата

Претходно Тачи изјави дека само Соединетите држави можат да доведат до потпишување на „сеопфатен договор меѓу Косово и Србија“. „Другите напори се залудни, тие губат време“, рече Тачи.

XS
SM
MD
LG