Достапни линкови

Абас: Договорите на Израел со ОАЕ и Бахреин не носат мир


Палестинскиот лидер Махмуд Абас

Договорите за нормализирање на односите на Израел со Обединетите Арапски Емирати и со Бахреин нема да доведат до мир на Блискиот Исток, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас, по потпишувањето на договорите на Израел со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин во Белата куќа. Според Абас, страдањата на Палестинците продолжуваат.

„Условите за постигнување на мир на Блискиот Исток се САД и Израел да го признаат правото на палестинскиот народ да создаде независна држава со главен град Источен Ерусалим, како и да биде решено прашањето со палестинските бегалци“, рече Абас, кој уште во февруари годинава го отфрли планот на претседателот на САД, Доналд Трамп, за Блискиот Исток.

Израел во Белата куќа, под покровителство на американскиот претседател Доналд Трамп, потпиша договори со Обединетите Арапски Емирати и Бахреин за воспоставување дипломатски односи.

XS
SM
MD
LG