Достапни линкови

Израел потпиша договори за дипломатски односи со ОАЕ и Бахреин


Потпишување на договореите за дипломатски односи меѓу Изреал, ОАЕ и Бахреин, Вашингтон, 15,09.2020.

Израел во Белата куќа, под покровителство на американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договори со Обединетите Арапски Емирати и Бахреин за воспоставување дипломатски односи. Стотици луѓе ја следеа церемонијата на потпишување на билатералните договори кои ја формализираат нормализацијата на веќе подобрените односи меѓу Израел и двете арапски држави, во согласност со нивното заедничко спротивставување на Иран. Договорите ги потпишаа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министрите за надворешни работи на ОАЕ и Бахреин, Абдула Бин Зајед Ал-Нахајан и Калид Бин Ахмед Ал Калифа, како и Трамп.

ОАE: Купуваме борбени авиони за модернизација

Трамп, кој се надева дека овие историски договори ќе доведат до нов баланс на силите на Блискиот исток и ќе го зајакнат својот имиџ како мировник пред претседателските избори во САД, на церемонијата на потпишувањето прогласи „раѓање на нов Блиски исток“. „Денес сме тука за да го смениме правецот на историјата. По децении поделби и конфликти, ја одбележуваме зората на новиот Блиски исток“, рече Трамп. Договорите не се занимаваат со повеќедеценискиот израелско-палестински конфликт. Иако ОАЕ, Бахреин и другите арапски земји ги поддржуваат Палестинците, администрацијата на Трамп ги убеди двете земји да не дозволуваат конфликтот да ги спречи да имаат дипломатски односи со Израел.

XS
SM
MD
LG