Достапни линкови

Австрија не се откажува од гасоводот „Северен тек 2“


Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен на прес конференцијата во Виена заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски, 15.09.2020.

Австрија соопшти дека сè уште го поддржува гасоводот „Северен тек 2“, и покрај зголемените резерви за проектот во делови од Европа по труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални. Претседателот Александар Ван дер Белен изјави дека не треба да има никаква врска помеѓу случајот Навални и Северен тек 2, гасовод што ќе носи гас од Русија во Европа под Балтичкото море. Ван дер Белен на прес конференцијата во Виена заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија земја добива витален приход од транзитот на руски гас и стравува дека приходот ќе биде намален од „Северен тек 2“.

Нови тензии меѓу САД и Германија за „Северен тек 2“

Австриската ОМВ е една од европските компании во конзорциумот вклучена во финансирање на гасоводот вреден 11 милијарди долари. Канцеларот Себастијан Курц, го повтори ставот на Ван дер Белен дека нема потреба да се запре Северен тек 2 поради труењето на Навални. Гасоводот е „економски позитивен проект“, рече Курц. Зеленски рече дека ги разбира економските и деловните интереси на Австрија, но дека Северен тек 2 е поврзан со енергетската безбедност на Украина и идниот проток на енергија кон Европа.

XS
SM
MD
LG