Достапни линкови

ОАE: Купуваме борбени авиони за модернизација


илустрација

Обединетите Арапски Емирати сакаат да ја модернизираат својата војска, а побарувачката за американски воени авиони Ф-35 е на маса дури и пред договорот за нормализација со Израел, изјави министерот за надворешни работи на ОАЕ, Анвар Гаргаш, пренесува Ројтерс.

Договорот треба да го разбие „секоj сомнеж“ за тоа зошто оваа заливска држава треба да набави борбени авиони Ф-35 од САД, изјави Гаргаш пред новинарите.

„ОАЕ се обидува, како и секоја земја што сериозно ја сфаќа својата војска, постојано да ја модернизира својата војска, така што нашето барање за Ф35 и други системи претходеше на овој договор“, рече Гаргаш и додаде дека постоечките авиони Ф-16 на Емиратите се стари скоро две децении и време е да се обноват.

Во меѓувреме израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата влада ќе се спротистави на каква било американска продажба на воени авиони Ф-35 на Обединетите Арапски Емирати, и покрај воспоставувањето односи со оваа заливска земја. Американскиот претседател Доналд Трамп пак за „Фокс њуз“ изјави дека нема да има проблем да продава авиони на ОАЕ.

XS
SM
MD
LG