Достапни линкови

Палестина загрижена за можното преместување на српската амбасада во Ерусалим


Српскиот претседател Александар Вучиќ и амбасадорот на Палестина во Србија Мухамед Набан

Палестинскиот амбасадор во Белград, Мухамед Набан, на денешната средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ му пренесе дека оваа земја со загриженост ја примила веста за можното преместување на српската амбасада од Тел Авив во Ерусалим. Амбасадорот Набхан изразил уверување дека раководството на Србија „во духот на традиционалното пријателство“ ќе ги почитува ставовите на палестинскиот народ, соопштуваат од Кабинетот на претседателот на Србија.

Оттаму додаваат дека Вучиќ му порачал на амбасадорот Набхан дека Србија го почитува и чува пријателството со Палестина и палестинскиот народ и дека го поддржува воспоставувањето траен мир и стабилност на Блискиот исток.

„Србија е посветена на подобрување на односите и со Израел и со Палестина и сака одржливо решение засновано врз меѓународно-правните норми утврдени во Обединетите нации, што ќе донесат мир, стабилност и напредок на сите“, изјави претседателот Вучиќ.

Србија и Косово се договорија за економска нормализација на односите

По потпишувањето на Вашингтонскиот договор, Набхан изјави дека Србија секогаш ја почитувала Резолуцијата 1244 и дека очекува да се почитува и Резолуцијата 478. Тој додаде дека верува оти Вучиќ сметал дека планот од договорот ќе се реализира само кога ќе се реши израелско-палестинскиот конфликт со воспоставување палестинска независна држава на сите окупирани територии.

XS
SM
MD
LG