Достапни линкови

Премиерот Заев во Атина


Премиерите Зоран Заев и Киријакос Мицотакис се состанаа на Солунскиот економски самит.

Премиерот Зоран Заев, ќе престојува во дводневна работна посета на Грција со владината делегација и ќе разговара со премиерот Кирјакос Мицотакис и претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу. Заев во Атина ќе учествува на 24-та тркалезна маса со грчката влада, организирана од магазинот „Економист“ за борбата против пандемијата со ковид-19 и нејзиното влијание врз глобалната и европската економија. Во делегацијата ќе бидат и вицепремиерите за економски и европски прашања, Фатмир Битиќи и Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој ќе има работна средба со неговиот грчки колега Никос Дендиас. Заев ќе зборува на панел дискусија за Западен Балкан.

Мицотакис: Гледам да ги подобрам аспектите на Договорот од Преспа

На панелот ќе учествуваат и поранешните претседатели на Србија и Црна Гора, Борис Тадиќ и Филип Вујановиќ, поранешниот премиер на БиХ Златко Лагумџија и спикерот на грчкиот парламент Дора Бакојани. Меѓу најавените учесници на тркалезната маса „Економист“ се и премиерот Мицотакис и неговите министри во Владата, поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, амбасадорот на САД во Грција и шефот на кипарската дипломатија.

XS
SM
MD
LG