Достапни линкови

Мицотакис: Гледам да ги подобрам аспектите на Договорот од Преспа


Илустрација. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја промовира ознаката Macedonia the GReat за производите од грчкиот регион Македонија на економскиот самит во Солун на 14 ноември 2019 - 14Nov2019

Предизборно направив сѐ за да го спречам договорот, но и со целосна искреност предупредив дека ако се потпише, ќе биде тешко да се поништи, сега гледам да ги подобрам аспектите на Преспа, кои предизвикуваат проблеми, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за весникот „То Вима“.

Како јави МИА во интервјуто Мицотакис говори и за критиките дека по изборите го променил ставот за Договорот од Преспа

"Гледам да ги подобрам аспектите на Преспа кои предизвикуваат проблеми. Затоа, мојата влада ги поддржа производителите од Северна Грција да го обезбедат македонскиот бренд. Претходнат а влада не го стори тоа. Јас се видов со Заев и му реков: „ сакам добрососедски односи, но нема да прифатам погрешни толкувања за идентитетските прашања што се поврзани со Грција“,вели Мицотакис

Како што е познато, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во изминатиот период ја промовираше кампањата за употреба на ознаката Macedonia the GReat за производите од грчкиот регион.

XS
SM
MD
LG