Достапни линкови

Нова рунда преговори меѓу Брисел и Лондон за иднината на нивните односи


Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние и советникот за британски премиер за Европа Дејвид Фрост

Главниот британски преговарач за Брегзит, Дејвид Фрост, изјави дека Лондон нема да се плаши да ги напушти преговорите со ЕУ доколку Брисел не попушти за клучните прашања. Пред клучната рунда преговори по Брегзит, Фрост рече дека Британија сака „да го поврати авторитетот за контрола на своите граници“ и додаде дека тоа е „најважната работа“. „Ние нема да правиме компромис за основните прашања за контрола со сопствените закони“, рече Фрост. Тој во Лондон ќе се сретне со преговарачот на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние. Тоа ќе биде осма рунда преговори меѓу Лондон и Брисел откако Британија ја напушти Унијата на 31 јануари.

Лондон ја обвини Русија за мешање во шкотскиот референдум

Политичката поделба ќе биде проследена со економско раздвојување на 31 декември, по крајот на 11-месечниот преоден рок, кога Британија треба да ги напушти единствениот пазар на ЕУ и царинската унија. Двете страни се обидуваат да постигнат нов договор за трговија, безбедност и други прашања, но решението не е на повидок. Двете прашања што предизвикуваат најголемо несогласување се пристапот на европските пловни објекти за риболов во британските води и државната помош за индустриите.

XS
SM
MD
LG