Достапни линкови

Рочиште за екстрадиција на Асанж


Џулијан Асанж на рочиштето дали тој треба да биде екстрадиран во САД, февруари 2020.

Рочиштето за екстрадиција на Џулијан Асанж треба да се одржи денеска откако беше одложено откако член на американското обвинителство бил потенцијално изложен на ковид-19. Основачот на Викиликс, Асанж на 7 септември се појави пред лондонскиот суд во продолжението на правната битка за да се избегне екстрадиција во САД, каде што би можел да добие затворска казна од 175 години. На сослушувањето, кое треба да трае четири недели, судиите ќе ги слушнат изјавите на претставниците на американското правосудство, со кои се тврди дека Асанж се обидел да ангажира хакери за да провалат во тајните владини досиеја.

Адвокатот на Асанж тврди дека САД му понудиле помилување

Американските власти го обвинија 49-годишниот Асанж за заговор за хакирање на владини компјутери и кршење на законот за шпионажа поради објавување на доверливи документи во периодот 2010-2011 година, пренесува Ројтерс. Асанж се најде на меѓународните наслови во 2010 година, кога Викиликс објави американско воено видео, прикажувајќи напад со хеликоптер Апачи од 2007 година во Багдад, во кој загинаа десетина луѓе, меѓу кои и двајца новинари на Ројтерс. Американскиот суд претходно го обвини Асанж за 18 точки од кои 17 вклучуваат шпионажа.

XS
SM
MD
LG