Достапни линкови

Состанок Путин - Лукашенко


Рускиот претседател Владимир Путин со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.

Рускиот претседател Владимир Путин, како што во петокот најави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, денеска треба да одржи „работен состанок“ со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко. Путин пред извесно време го пофали одговорот на Минск на постизборните протести. Тој откако ги објави подготовките на Москва за поддршка на режимот на претседателот Александар Лукашенко со руските безбедносни сили оцени дека Кремљ е повеќе „неутрален“ за белоруската криза отколку САД или Европската унија.

Рускиот премиер во посета на Белорусија

„Според мене, нашето однесување во врска со настаните во Белорусија е многу порезервирано и неутрално отколку на Европејците и Американците“, изјави Путин за време на интервјуто за државниот ТВ канал Росија-24, додавајќи: „Сепак, ние сигурно не сме рамнодушни кон она што се случува таму“.

Како Западен Балкан реагира на настаните во Белорусија?

Путин изјави и дека е составен контингент на руските безбедносни сили и дека е подготвен да се распореди во Белорусија во случај на „грабежи“ од страна на демонстрантите. „Руските сили нема да бидат користени, освен ако екстремистичките елементи во Белорусија не ја преминат линијата и не започнат со грабежи“, рече Путин.

XS
SM
MD
LG