Достапни линкови

Рускиот премиер во посета на Белорусија


Рускиот премиер Михаил Мишустин

Рускиот премиер Михаил Мишустин денеска ќе ја посети Белорусија, каде што претседателот Александар Лукашенко се соочува со најголемата политичка криза во 26-те години на власт. Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеи, кој вчера беше на разговори во Москва им изјави на новинарите дека ставот на блискиот сојузник на Русија кон политичката криза во Белорусија помага да се спречи мешање однадвор во земјата.

Помпео – Консултации со сојузниците за санкции кон Белорусија

Според него, ситуацијата во Белорусија се стабилизира. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров најави дека „во следните две недели“ ќе дојде и до средба меѓу претседателите на двете земји Владимир Путин и Александар Лукашенко. Белорускиот претседател кој ја води земјата 26 години, се соочува со речиси секојдневни протести од претседателските избори во август, каде што тој тврди дека освоил околу 80 проценти од гласовите.

XS
SM
MD
LG