Достапни линкови

На клиниките во земјата се хоспитализирани 329 заразени и суспектни на ковид-19


Медицински работници носат човек заразен со ковид во ГОБ „8 Септември“ во Скопје

На клиниките во земјава се хоспитализирани 329 заболени од коронавирус или суспектни на вирусот.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на респиратор.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19 и едно дете и една мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 31 пациенти, а на респираторна машина се четворица од нив.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 136, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава изнесува 15.555, бројката на оздравени пациенти е 12.994, а на починати 642. Во моментот, бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.919. Скопје има најголем број на активни случаи, а од скопските општини на прво место е Аеродром со 94 случаи, Гази Баба и Карпош имаат по 71 случај, Центар 68, а во Чаир има 55 активни случаи.

XS
SM
MD
LG