Достапни линкови

Казни за 492 лица за неносење маски во изминатото деноноќие


Илустрација

Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани 492 прекршоци за неносење маска во земјава, соопшти МВР.

Носењето прекривка на устата и носот е задолжително во затворени простории и на отворен простор каде што не е возможно да се држи дистанца од 2 метри од другите луѓе, како дел од мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.

XS
SM
MD
LG