Достапни линкови

Каракачанов: Или решение за историските прашања или блокада на преговорите на Скопје со Брисел


Бугарскиот министер за одбрана Краснимир Каракачанов изјави дека Македонија цела година ги избегнува преговорите во заедничката историска комисија. Тој во телефонско интервју за ТВ 24 рече дека или ќе продолжат преговорите на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Скопје и Софија или ќе следува блокада од Бугарија на првата меѓувладина конференција со Брисел, кога се очекува отпочнување на преговорите за пристап на Македонија во Европската Унија.

„Минатата година во ноември месец, пред десет месеци ја стопиравте работата на Комисијата за разгледување на историските проблеми. Ние сме го кажале тоа сто пати во последните десет месеци, дека ако не се постигне согласност по тие прашања Бугарија ќе возврати на првата меѓувладина конференција, додека прашањата не бидат исчистени. Тоа е позицијата на Бугарија. И тоа е многу јасно во Скопје.“ изјави тој за ТВ 24.

Според него проблемот е во Скопје, а не во Софија, односно, според него македонската страна ги избегнува состаноците со бугарските историчари за решавање на прашањето за Гоце Делчев.

Тој додава дека македонската дипломатија веќе 3 години откако е потпишан договорот за Добрососедство одбегнува решавање на проблемите.

Разговорите за преговарачката рамка за С.Македонија продолжуваат во петок

Дипломатите на земјите членки на ЕУ вчера се состанаа, за да разговараат за нацрт-преговарачката рамка за Македонија. В петок продолжуваат дискусиите на техничко ниво во ЕУ.

XS
SM
MD
LG