Достапни линкови

Исчезнатите белоруски активисти се во Украина


Белоруската опозициска политичарка Мерија Калесникова присуствува на митинг во знак на протест против спорните резултати од претседателските избори на 9 август во Минск, 6 септември 2020 година

Тројца високи организатори на опозицијата кои исчезнаа на 7 септември и се стравуваше дека биле киднапирани од безбедносните сили за да се задушат тековните масовни протести против претседателот Александар Лукашенко, ја преминале границата со соседна Украина, според белоруските гранични власти. Сите тројца се клучни фигури на Координативниот совет што се залага за мирна транзиција на власта откако белоруските изборни претставници го прогласија Лукашенко за победник на изборите на 9 август. Членот на президиумот на Координативниот совет, Мерија Калесникова, секретарот за печатот Антон Рандионкау и извршниот секретар Иван Кравцов пристигнале на граничниот пункт Александраука во регионот Хомел со ист автомобил околу 5:00 часот наутро на 8 септември. Претставникот на белорускиот државен граничен комитет Антон Бичкуски го потврди нивното излегување од земјата за Белоруската служба на РСЕ. Претходно, независниот портал за вести на руски јазик tut.by цитираше очевидец кој рече дека Марија Калесникова вчера била нагло влечена на улица во центарот на Минск и однесена во возило, со назнака „Комуникација“. Белоруското Министерство за внатрешни работи, неговиот национален истражен комитет и Државниот комитет за контрола изјавија дека немаат информации за исчезнувањето на Калесникова.

Луѓе во црно ја грабнаа белоруската опозиционерка Колесникова, тврдат сведоци

Полицијата од Минск соопшти дека не ја притвориле. До ова дојде по еден ден откако властите признаа апсење на повеќе од 600 луѓе на протестите низ целата земја за време на викендот, кои привлекоа десетици илјади луѓе барајќи Лукашенко да поднесе оставка по, како што велат, наместените избори во минатиот месец. Лукашенко, кој управува со земјата 26 години, одби да разговара со своите противници и ги отфрли повиците за одржување на нови избори.

Борел: На Белорусија ѝ треба национален дијалог

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас побара „ослободување на сите политички затвореници во Белорусија“. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел пак, објави твит во кој бара крај на „бруталниот“ третман кон неколку опозициски лидери, вклучително и Калесникава.

XS
SM
MD
LG