Достапни линкови

Луѓе во црно ја грабнаа белоруската опозиционерка Колесникова, тврдат сведоци


Марија Колесникова на протестите за оставка на претседателот Александар Лукашенко во Минск бараше мирен трансфер на власта.

Неидентификувани мажи облечени во црно денеска наутро ја грабнале Марија Колесникова, водечка белоруска опозициска фигура, и ја турнале во минибус, објави нејзиниот изборен тим, повикувајќи се на сведоци, јави АФП.

Колесникова беше една од кампањските партнери на опозициската кандидатка за претседател на Белорусија, Светлана Тихановскаја. 38-годишната Колесникова е на чело на Координативниот совет кој повикува на мирен трансфер на власта среде повеќенеделните пост-изборни демонстрации во белорусија на кои се бара оставка од претседателот Александар Лукашенко.

Неидентификувани мажи ја заплениле Колесникова во центарот на Минск и ја избркале со минибус со назнака „Комуникации“, изјавија очевидците на седиштето на тимот за кампања што таа го предводи. Од нејзиниот тим соопштија и дека нејзиниот телефон е исклучен, јави АФП.

Од полицијата во Минск не дадоа коментар на овие информации од тимот на Колесникова.

Сведок, именуван како Анастасија, за веб-страницата за новини „Тут.би“ рече дека денеска околу 10 часот (7 часот по средноевропско време), видела како човек во црно ја турка Колесникова во минибус и ѝ го одзема телефонот.

За време на речиси едномесечните протести против изборните резултати, белоруските власти веќе приведоа неколку членови на Координативниот совет и ги испрашуваа другите, вклучително и Колесникова, во истрагата за наводен обид за преземање на власта.

XS
SM
MD
LG