Достапни линкови

Захарова му се извини на Вучиќ по разговорот со Лавров


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска на својот Фејсбук профил објави фотографија на претседателот на Србија, Александар Вучиќ од Белата куќа, како седи на столче наспроти работната маса на Доналд Трамп, споредувајќи ја со култната сцена од филмот „Ниски страсти“.

По оваа објава следуваа остри реакции во Србија, меѓу кои и на Вучиќ, кој оцени дека „се работи за нејзин простатилук“, велејќи дека можел и да клекне и да стои пред Трамп, но чест било да влезе во Овалната сала и да разговара за важни прашања за Србија.

По неговата изјава следуваше извинување од самата Захарова, која кажа дека била „погрешна протолкувана“ .

Од кабинетот на српскиот претседател соопштија дека Вучиќ потоа разговарал со рускиот министер Сергеј Лавров и го запознал со разговорите што делегацијата на Србија ги имаше во Вашингтон и Брисел.

Во соопштението е наведено дека двајцата соговорници изјавиле дека односите меѓу Србија и Русија се искрено пријателски и ја потврдиле својата решеност да продолжат со работата за реализација на сите заеднички проекти, како и на меѓусебната поддршка на меѓународната политичка сцена.

XS
SM
MD
LG