Достапни линкови

За 24 часа 37 нови корона позитивни и 6 починати


Илустрација - Тестирање за Ковид-19

Министерството за здравство денеска информираше дека во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19, шестмина починати и 251 оздравен пациент.

Новозаразените се регистрирани во: Скопје-9, Дебар-1, Прилеп-5, Тетово-3, Гостивар-1, Гевгелија-12 (странски државјани), Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Делчево-1 и Кратово-1.

„Починати се 6 пациенти, од Скопје на 73 години, Струга на 79 години, Гостивар на 55 години, Крива Паланка на 63 години, Делчево 86 години и од Кичево на 74 години. Сите се починати во болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент“, соопшти МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15127, бројката на оздравени пациенти е 12486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2018.

XS
SM
MD
LG